Вирџинија Роберт, жената која тврди дека ја носеле кај принцот Ендру, во првото бомбастично интервју за британските телевизии опишала колку се чувствувала “ужасно и посрамотено“ поради сексот со него.
Таа изјавила дека не може да сфати дека дозволила да се случи такво нешто, наведувајќи дека во тој период од животот ѝ било “страшно“ и “изобличено“.
„Ме злоставуваше член од кралското семејство, а кога зборуваме за ланците, не бев многу силно врзана, но овие моќни луѓе беа мојот ланец“ - рекла таа, отфрлајќи ги демантирањата на принцот Ендру како “смешни изговори“ за кои знае дека не се точни, пренесуваат од британскиот “Telegraf“.
Таа додала дека нејзиното “матно сеќавање“ значи дека понекогаш греши во врските, датумите или пак местата.
„Една работа која можам да ја кажам е дека никогаш не го заборавате лицето на оној кој бил над вас“ - истакнала Вирџинија (35).
Принцот Ендру тврди дека не се сеќава на средбата со Вирџинија и категорично ги отфрла обвиненијата дека имал секс со неа.
„Мислам навистина. Ова е глупости. Тој знае што се случи. Јас знам што се случуваше, а само еден од нас двајца ја зборува вистината, а јас знам дека тоа сум јас“ - рекла Вирџинија.
Принцот Ендру претходно дал интервју кое многу лошо било прифатено од јавноста, а потоа бил отстранет од кралската служба. Вирџинија својата исповед ја дала за Би-би-си неколку недели пред интервјуто на принцот, но телевизијата почекала дополнително да ја интервјуира поради изјавите на принцот.
Вирџинија, која сега е мажена и живее во Австралија ги повикала сите Британци да ја поддржат.
„Ова не е некоја валкана секс приказна. Ова е приказна за подведување. Тоа е приказна за злоставување“ - истакнала таа.
Таа раскажала дека сè почнало во куќатана Гислејн Максвел каде што принцот зборувал за својата поранешна сопруга.
„Седев таму, а сите ми велеа дека треба да бидам љубезна и да се смеам и кога некој се обидува да се пошегува“ - рекла таа.
Отишле во ноќен клуб, а кога се вратиле од Вирџинија побарале да спие со принцот што таа го опишала како нешто одвратно.
„Не траеше долго целата процедура. Беше одвратно. Не беше злобен или пак нешто такво, но стана, се заблагодари и излезе надвор. Јас останав да седам во креветот и се чувствував ужасно, посрамотено и валкано. Морав да станам и да се истуширам“ - истакнала Вирџинија.
„Не го очекував тоа од член на кралското семејство. Не го очекував тоа од некој на кој луѓето му се восхитуваат“.