Анџелина Џоли премина на женскиот пол?: Цел свет ја коментира нејзината врска со оваа актерка

Кармин

04/12/2019

13:36

8.082

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Анџелина Џоли (44), повторно се нашла во центарот на медиумското внимание, но овојпат не поради филмските улоги туку поради неочекуваната романса.

Доколку треба да им веруваме на натписите на американските медиуми како што е “Woman's Day“, актерката е во среќна врска со колешката Еван Рејчел Вуд (32).

Без оглед на тоа што холивудската дива била во неколку бракови со познати мажи од филмската индустрија, очигледно е дека конечно одлучила да сврти нов лист, а медиумите ги известил близок извор до актерката.


„Иако таа приватниот живот сака да го држи за себе, на неколку пријатели им призна дека по разводот со Бред Пит одлучила да стави крај на мажите“ - изјавил извор близок до актерката.

„Магнетската привлечност настанала пред десет години на еден настан на кој убавиците биле во присустово на своите посилни половини па така Анџелина дошла со Бред додека пак Еван се појавила со пејачот Мерлин Менсон, а остатокот е историја“ - открива анонимниот извор.


„Може слободно да се каже дека тоа било љубов на прв поглед, но и двете биле во среќни врски па морале да ги потиснат своите чувства, но на крајот сепак судбината ги споила“ - додава изворот.

По објавувањето на веста во американските таблоиди, ниту една од актерките не се огласила па во овој момент останува прашањето дали позади оваа “приказна“ има вистина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk