Тогаш имала само 7 години: Славната манекенка првпат се појавила на ТВ во спот на Боб Марли

Точка

04/12/2019

11:41

4.798

Големина на фонт

а а а

Станува збор за спотот на славната песна на кралот на реге музиката - "Is This Love" од 1978-ма година.

Легендарниот Боб Марли во текот на својата богата музичка кариера направил многу хитови, а еден од најпопуларните е "Is This Love". За оваа песна кралот на реге музиката направил спот, кој ја видел светлината на денот во 1978-ма година. 

Во спотот покрај Марли можеме да видиме многу деца, а меѓу нив било и едно девојче кое подоцна ќе стане светски позната манекенка.

Имено, во првата сцена се гледа како Боб доаѓа во еден клуб заедно со две деца. Девојчето, најверојатно од неговата лева страна, е Наоми Кемпбел. Славната манекенка во спотот на Марли имала само 7 години, и тоа било прво нејзино појавување на телевизија, каде спотот се емитувал многу пати.

Наоми во меѓувреме пораснала, а денес има 49 години.

Да се потсетиме на спотот за песната "Is This Love" од Боб Марли, во кој се појавува и Наоми Кемпбел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг