Жена од Тексас се замрзнала кога видела што се случува во нејзиниот двор: На долга пајакова мрежа, голем пајак јадел лилјак

Точка

03/12/2019

22:02

8.783

Големина на фонт

а а а

Жена од американската сојузна држава Тексас, се шокирала кога во дворот открила пајакова мрежа која била долга речиси два метри, а на неа голем пајак јадел лилјак.

Анета Аланиз Гуајардо отишла на работа, а со камера снимила што се случувало кога се вратила. Фотографиите сега станаа вирални, иако се направени на почетокот на годинава.


Лилјакот бил заробен во мрежата, а пајакот се нишал над него.

Експертите заклучиле дека се работи за пајак од родот Nephila Clavipes кој може да порасне и до 8 сантиметри, а може да сплете мрежа долга и до два ипол метри.


Како што пишуваат странските медиуми, пајакот кој Анета го нашла во дворот е женка, а мажјаците се многу помали. Не е вообичаено да јадат лилјаци и имаат слаб отров.

Наводно пајакот е отстранет од дворот и жив е пуштен во дивина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг