Ретко некој да ја препознае: Актерката била една од најубавите, а потоа болеста променила сè

Точка

03/12/2019

20:29

8.203

Големина на фонт

а а а

Во деведесеттите години блескаше на филмското платно, но потоа се појавиле здравствените проблеми...

Американската актерка Кетлин Тарнер важела за една од најубавите холивудски актерки. Меѓутоа, додека на филмското платно блескала, во исто време имала и многу здравствени проблеми.


Јавноста за тоа ништо не знаела, но на крајот ја осудила...

На почетокот на 90-те години нејзината кариера била под знак прашалник кога ѝ бил дијагностициран реуматоиден артритис во доцните 30-те години, а докторите ѝ рекле дека повеќе никогаш нема да оди.


Кетлин не можела да го прифати тоа и продолжила да се бори за своето здравје. Меѓутоа, лековите кои ги земала си го правеле своето, а нејзиниот изглед се променил драматично.

Како што вели денес, не ѝ било важно како изгледа туку само да преживее. Тогаш многумина ја обвинувале бидејќи станала алкохоличарка, но тоа било само лага во тоа време.

Таа подоцна признала дека пиела алкохол поради тоа што лековите “ѝ го поматиле мозокот“.

Потоа, била на рехабилитација, а отворено зборувала за својата болест и неправдата која ја доживеала.

Погледнете ги фотографиите од нејзината младост:




Спонзорирани линкови

Маркетинг