Jaguar го освежи F-Type

Точка

03/12/2019

18:05

2.131

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиум производител го претстави редизајнираниот F-Type во купе и кабриолет верзија.

Освежениот F-Type пристигнува со поистакнати спортски линии, најсовремени технолошки системи и нов мотор.

Иако станува збор за редизајн, сепак дизајнерите на британската компанија се погрижија за поизразена промена на надворешноста, посебно кај спуштениот „нос“ и агресивно поставените фарови. Промените на задниот дел иако се присутни, сепак не се толку нагласени.


Што се однесува до погонот, тука е стандардниот 2.0-литарски четирицилиндарски и 3.0-литарскиот V6 турбо мотор, но и новиот 5.0-литарски V8 со супер полнач.


Верзијата на SVR моделот сега е достапна и во R пакет на опрема, а располага со импресивни 575 коњски сили и 700 Nm максимален обртен момент, па F-Type забрзува од 0 до 100 километри на час за 3,5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 299 километри на час.


Почетната цена на освежениот F-Type во Велика Британија изнесува 63,100 евра за купе верзијата, односно околу 2,100 евра повеќе од актуелниот модел.





Спонзорирани линкови

Маркетинг