Протекле првите фотографии: Како ќе изгледа PlayStation 5?

Точка

03/12/2019

16:06

3.609

Големина на фонт

а а а

На интернет веќе со месеци се шпекулира за чудниот прототип на новата конзола на PlayStation 5 во облик на буквата "V", а сега изгледа дека сите приказни добиваат смисла. Имено, на Твитер се појавиле фотографии кои наводно прикажуваат два развојни уреди на PlayStation 5.

Том Ворен од порталот "Verge" подоцна потврдил дека тоа навистина се исти PS5 развојни комплети за кои веќе долго се шушкало. 

Објаснување за необичниот пресек? Обликот на буквата "V" помага при ладањето. Попатно делува како добро место за ставање на вашата пегла, пишува "Gizmodo".

##https://twitter.com/Alcoholikaust/status/1200796076535623681##

Шега на страна, станува збор за развојни модели, па прототиповите често многу се разликуваат од конечниот дизајн.

"Sony" веројатно ќе изнесува повеќе детали како се приближува датумот за претставување - Божиќ 2020-та година - а се очекува дека PlayStation 5 ќе може да се пофали со нови CPU и GPU, 3D звук, и можеби највозбудливото - SSD диск.

Исто така, се шпекулира дека прототиповите имаат и вградени камери, што сугерира дека новиот систем на Sony можеби ќе има вградена поддршка за видео-стриминг, кој е се попопуларен благодарение на платформи како Twitch, Mixer и YouTube.



Спонзорирани линкови

Маркетинг