9-годишната Нуала Чајлдс од Ливерпул само една година откако го направила Инстаграм профилот станала хит на оваа социјална мрежа.
Денес има повеќе од 10.000 следачи, а модните брендови се борат за неа. Оваа година прошетала и по модната писта во Лондон на Модната недела. Следната година планира да ја освои Њујоршката Модна недела, пренесува „Liverpool Echo“.
„Сè започна како хоби, отсекогаш сакаше да се фотографира“, раскажала нејзината мајка Даниела за „Liverpool Echo“.
„Позади камерите е многу срамежлива, но кога ќе се вклучат, веднаш се менува. Многу е фотогенична“, додала гордата мајка.
„Нуала е многу посветена на сè што прави“, раскажала Даниела која открила дека девојчето за Божиќ посакало лента за трчање.