Леопард се прикрал во зграда и го нападнал лабрадорот кој спиел пред прагот - погледнете ја 4-минутната борба

Точка

03/12/2019

14:50

9.578

Големина на фонт

а а а

Оваа снимка предизвикала паника меѓу жителите од зградата и многумина се сочувствувале со ова преслатко куче кое не завршило баш добро.

Снимката од леопардот кој напаѓа куче пред вратата од домот во индискиот град Шимли се проширила по социлајните мрежи. Нападот е снимен со надзорните камери и ја прикажува борбата на живот и смрт.

Видеото е долго четири минути и го прикажува леопардот кој се искачува по скалите и влегува во зградата за да го нападне кучето, домашно милениче кое спиело пред вратата од домот.

За среќа, лабрадорот Џеки преживеал, но се здобил со длабоки рани кои му ги нанеле острите заби и шепите на дивата мачка.

Кога леопардот го “уловил“ кучето, заедно се удриле во вратата, а сопственикот на станот чул врева и го чул своето куче.

Веднаш ја отворил вратата, а дивата мачка побегнала да го однесе животното.

Меѓутоа, не успеала во тоа, а мажот храбро успеал да ја избрка оттаму.

Тоа што е за восхитување е дека кучето нема рани или гребнатини на вратот затоа што не му дозволило на леопардот да го нападне во тој дел од своето тело.

И покрај нападот и траумите, Џеки сега е добро, весел е, игра и ги брка мачките и птиците како и вообичаено. 

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг