Поради голите фотографии кои се појавија во јавноста Меланија се чувствува понижено: Новата книга открива кој е виновен, но таа одбива да поверува

Точка

03/12/2019

22:01

16.711

Големина на фонт

а а а

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се сомнева дека Роџер Стоун, долгогодишниот сојузник и советник на нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, стои позади објавувањето на голите фотографии од нејзината манекенска кариера.

Меланија и понатаму одбива да поверува дека нејзиниот сопруг имал улога во објавувањето на фотографиите, наведува Кејт Бенер, новинарка и авторка на книгата “Free, Melania: The Unauthorized Biography“, додавајќи дека претседателот и неговата сопруга спијт во одвоена спална соба во Белата куќа.

Стоун за “Guardian“ ги демантирал тврдењата на Бенет. Фотографиите, настанати во 1996-та година, а објавени следната година во француско списание, овојпат се нашле во списанието “New York Post“ кон крајот на јули 2016-та годна, три месеци пред претседателските избори.

„Теоретски Трамп се обидуваше да ја спречи лошата неделна кампања“ - пишува Бенет.


Стоун кон средината на ноември е прогласен за виновен поради пречење во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малеро и моментално чека на изрекување на пресудата.

На Трамп му се заканува гонење кога ќе ја напушти канцеларијата поради потенцијалните прекршоци меѓу кои и исплатата на порно ѕвездата која тврди дека имала сексуален однос со Трамп дури тој бил во брак со Меланија. Трамп ја демантира аферата, но исплатата е потврдена, а наводно тој бил директно поврзан со тоа.


„Овојпат идејата, Трамп својата гола жена да ја искористи за да го насочи вниманието кон неа е толку многу одвратна, а фотографиите се со лош квалитет што новинарите поминаа многу малку време за да дискутираат за нив. Меланија не кажала што мисли и како тие се појавија во јавноста и насловните страници на таблоидите, но нејзина пријателка вели дека таа и понатаму одбива да поверува дека нејзиниот сопруг го направил тоа“ - вели Бенет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг