Еден бербер потполно го преобразил изгледот на еден бездомник, а резултатот импресионал бројни корисници на социјалните мрежи.
Рики Хернандез од Остин, Тексас, го поканил бездомникот Џеф на бесплатно бричење и шишање, а снимката објавена кон крајот на минатиот месец веднаш станала вирална – за неколку дена, само на Јутјуб ја погледнале повеќе од 2 милиони луѓе.
Некои коментирале дека Џеф изгледа барем 10 години помладо по трансформацијата. Тој повремено му помагал на Рики околу неговиот салон, а тој му возвратил на услугата и добил бројни пофалби за чинот, а помеѓу двајцата се развило и пријателство.
“Сега изгледа како холивудска ѕвезда”, “Овој бербер заслужува сè најдобро”, “Се гледа колку му значи гестот”, се само дел од реакциите на воодушевените корисници на социјалните мрежи.