Само за неколкумина среќници: Bugatti Chiron Noire од 3 милиони евра

Точка

02/12/2019

20:10

3.937

Големина на фонт

а а а

Bugatti на купувачите ќе им понуди специјална ограничена серија на Chiron инспирирана од моделот La Voiture Noire кој беше претставен претходно оваа година.

Тие кои што сакаат во својата гаража да имаат уште поексклузивен хиперспортски автомобил од тоа што е „обичниот“ Chiron, ќе мора да побрзаат затоа што Bugatti планира да произведе вкупно 40 примероци, односно по 20 од двете верзии.

Инаку, Chiron Noire Sportive и Chiron Noire Élégance ќе чинат по 3 милиони евра и тоа во основниот пакет, без дополнителната опрема која што ја нуди Bugatti.

И двата модели имаат црна надворешност изработена од карбонски влакна, а основната разлика е во тоа што Noire Élégance има завршна обработка во висок сјај, а каросеријата на Noire Sportive е во мат финиш.


Овие специјални верзии на Chiron ги краси и нешто поинаква предна маска со амблем на Bugatti изработен од чисто сребро, како и нови фелни. Што се однесува до издувниот систем, тој е идентичен како кај верзијата Chiron Sport.

Во внатрешноста на возилото доминира црна кожа, а дека станува збор за посебни верзии потестуваат и ознаките Noire на праговите од автомобилите, потпирачите за глава и централната конзола.

Првите испораки на овие два модели се планирани за вториот квартал од 2020-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг