Освен што неодамна на доделувањето на American Music Awards била во центарот на вниманието поради својата комбинација на облека, раперката Лизо повторно е главна тема поради новата Инстаграм објава.
Имено, 31-годишната пејачка е толку самоуверена околу изгледот, што одлучила своите обожаватели да ги почести со неколку голи фотографии.
„Насликај ме како Француска кучка“, напишала во стил на познатата изјава на Кејт Винслет во Титаник.
Од нејзините 6,6 милиони следачи на Инстаграм, многумина се шокирани од голите фотографии, но таа не се осврнува на негативните коментари.
„Зошто толкав талент, а толку малку самопочит?“, „Ова воопшто не е слатко“, „Промовирање закана не е кул“, „Мислам дека ќе повратам“, се само дел од негативните коментари.
„Бакни ми го задникот“, продолжила Лизо со провокативни изјави.
Сепак, поради тоа што гордо ги покажува своите облини, стана инспирација за многу обожаватели кои во коментари ѝ дале поддршка:
„Продолжи со ваквите фотографии“, „Камо да бев волку самоуверена околу своето тело, браво Лизо“, „Ја обожувам твојата самодоверба, сакам да бидам како тебе, ти си вистинска инспирација“, ѝ рекле.