Катерин Шенклин од Оклахома Сити имала 190 килограми и не била во состојба сама да си ги врзе чевлите, а кога се качувала по скали едвај дишела.
За три години загубила дури 118 килограми, но сега се нашла во голем проблем бидејќи ѝ останал вишок кожа кој тежи дури девет килограми.
Поради прекумерната тежина, Катерин имала проблеми со здравјето. Меѓу останатото, страдала од дијабетес и висок крвен притисок, а имунитетот ѝ бил многу слаб. Иако лекарите ја советувале да направи стеснување на желудникот, таа одлучила да ги загуби килограмите по природен пат, а за тоа ѝ требале цели три години.
„Ми требаа три години да ги загубам килограмите. Сè уште се шокирам кога ќе ги видам фотографиите и се прашувам дали тоа навистина сум била јас. Пресреќна сум што успеав тоа да го постигнам со сопствени сили. Вишокот килограми ме спречуваа во многу работи. Не можев да си ги врзам патиките, ниту да се качувам по скали без да останам без здив“, раскажала таа за Дејли Меил.
Но, после губењето на килограмите, ѝ останала вишок кожа. Моментално преку компанијата „Go Fund Me“ собрала средства за операцијата која ѝ е единствена опција за да се ослободи од кожата тешка 9 килограми.
„Кога почнав да ги намалувам килограмите, не размислував за тоа колку кожа ќе ми остане. Се чувствувам како постојано да ме влече гравитацијата поради тоа. А дури и ако се трудам да не размислувам за тоа, тој вишок влијае на тоа како гледам на себе. Направив навистина голема работа, а кога ќе се погледнам во огледало, ја гледам само таа вишок кожа“, заклучила девојката.