Кој е украинскиот политичар чиј 3-годишен син беше убиен во Киев? Познат бизнисмен, трн во око поради Доњецк, кој се женел три пати!

Точка

02/12/2019

18:32

6.966

Големина на фонт

а а а

Вјачеслав Соболев, украински политичар и бизнисмен, вчера бил мета на неуспешен атентат. Во пукањето настрадал неговиот тригодишен син.

Пукањето се случило во центарот на Киев, каде непозната личност отворила оган на неговиот "Range Rover". Синот на Соболев, кој бил погоден од куршум, починал во болница. 

Соболев и неговата сопруга и детето излегувале од ресторанот "Марио" и седнале во автомобилот, кога убиецот дотрчал до возилото и пукал, пишуваат локалните медиуми. Истовремено, наводно, се пукало и од "Lexus", кој исчезнал од самото место.

За потрага по убиецот во Киев започнала специјална полициска операција. Таткото на убиеното дете, Вјачеслав Соболев, инаку е многу познат бизнисмен во Доњецк, кој во текот на 1990-тите прв ја основал мрежата од модерни супермаркети "Обжора". За пратеник во градското собрание на Доњецк бил избран во 2002-ра година.

Во април 2005-та година бил поставен како заменик на градоначалникот на Доњецк Александар Луљанчек, но потоа се приближил до струите на Јулија Тимошенко. Набрзо почнал да работи во Советот за национална безбедност и одбрана, а во 2010-та година, по завршувањето на мандатот на Јулија Тимошенко, станал заменик шеф на Нјефтгас.

Три жени и пет деца

Соболев втор пат се женел во 2011-та година со ќерката на рускиот бизнисмен, тајкун и поранешен сенатор Борис Шпигел, Светлана, која претходно била мажена со поп-ѕвездата Николај Башков, со кој го добила синот Бронислав. Соболев го посвоил Бронислав, а со Светлана во 2012-та година ја добил ќерката Нина. Но, веќе наредната година парот се развел и Соболев се преселил во Киев, каде станал член на Киевскиот регионален совет при Блокот на Петро Порошенко.

Летото 2015-та година се оженил по трет пат со Ина Вилјчинскаја, сопственичка на "Галерија Платинум". Соболев ја посвоил и нејзината ќерка Марија, а Ина во август 2016-та година родила и син, детето кое настрадало во пукањето.

Самиот Соболев во едно интервју рекол дека е татко на пет деца. Сепак, кога последен пат во 2018-та година зборувал за своите деца, рекол дека е татко на Давид и Александар, а дека очув на Марија.

Судир околу маркетите

Последната година против него во медиумите се водела интензивна кампања која имала за цел да го дискредитира.

Тој е обвинет дека соработува со Доњецката народна република, со оглед на тоа дека неговите маркети во Доњецк продолжиле да работат и покрај вооружените судири. Соболев тврдел дека го продал "Обжора" во 2007-ма година.

Го обвинил поранешниот судија на Врховниот економски суд Артур Емелианов, со кој имал остар судир околу поделбата на бизнисот. Некои медиуми пишуваат дека судирот околу работата меѓу нив и натаму трае, иако не се знае што довело до него.

Според една верзија, Соболев и почетокот на војната во Донбас задржал де-факто контрола над Обжора на неконтролираната територија, но пред неколку години ја изгубил.

##https://twitter.com/YceUa/status/1201246816559345666##

Неговиот имот го "исцедиле" влијателни луѓе од ДНР.

Неодамна, според пишувањата на порталот "Страна", тој преку различни канали вложил напори да ја врати контролата над "Обжора", што предизвикало судир со истите влијателни луѓе кои сега управуваат со овие супермаркети во Доњецк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг