Светот е во опасност од нова голема војна: Еве зошто германскиот дипломат смета дека ситуацијата е многу ризична

Точка

02/12/2019

19:20

4.707

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Минхенската безбедносна конференција Волфганг Ишингер предупредува на опасноста од избивање на нова голема војна, а како објаснување го наведува тоа што насекаде во светот, секој мисли дека своите цели може самостојно да ги оствари.

Ишингер во емисијата „Велтшпигел“ на „АРД“ изјави дека тој што сака да ја заштити климата ќе мора да се погрижи и за тоа да нема нови војни.

Истовремено тој тврди дека актуелната ситуација е многу опасна, затоа што владее целосен недостаток на доверба и губење на контролата на вооружувањето.

Советот за безбедност при Обединетите нации, според неговите зборови често е блокиран, а и другите институции не функционираат доволно добро, затоа што насекаде во светот некој мисли дека може сопствените цели да ги отвари самостојно.

Според неговата проценка, овој проблем посебно ја погодува НАТО Алијансата.


„Всушност, загрозена е иднината на западот. Дали се уште постои Западот?“, запраша Ишингер.

Тој оцени дека утрешниот самит на НАТО Алијансата ќе биде само симболичен акт по повод прославата на 70 години од постоењето на најмоќниот воен сојуз на светот.

„Нема да има никакви големи одлуки, но многу експерти ќе укажат на актуелната состојба на воениот сојуз“, изјави Ишингер и нагласи дека мора да се постави прашањето дали целите и методите со текот на времето се менуваат.

„Така НАТО не е сконцентриран на Кина, односно и ден-денес е фокусиран на Русија. Меѓутоа, погледот на Кина драматично се промени. Додека на Кина пред неколку години во Германија се гледаше само како одличен пазар за извоз, денес тие станаа глобално-политички играч“, изјави Ишингер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг