Сијарто ја критикуваше Финска за проширувањето

Макфакс

02/12/2019

14:47

1.213

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, ја критикуваше Финска, која претседава со ЕУ до крајот на декември, за тоа што не успеа да изврши притисок за проширување на ЕУ за време на нејзиниот мандат.

По состанокот со колегите од Чешка, Полска и Словачка на состанокот на земјите од Вишеградската група, тој рече дека еден од „значајните пропусти“ на Европската комисија во заминување е дека ЕУ не го одобри започнувањето пристапни преговори за членство со Северна Македонија и Албанија во октомври, пренесува АП.

Финска, како претседавач на ЕУ, направи огромен пропуст во овој поглед, рече тој, и се надева дека новата Европската комисија ќе изврши притисок за проширување.

Земјите од Вишеградската група го поддржуваат проширувањето на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг