Во светот имало 9 видови луѓе, а опстанал само еден: Нашите предци живееле среќно, а потоа почнало истребувањето!

Точка

02/12/2019

15:02

11.280

Големина на фонт

а а а

Девет видови на луѓе шетале по Земјата пред 300.000 години, а опстанала само една - хомосапиенс.

Така неандерталците ловеле по ладните степи на Европа, денисовците настанале во Азија, а примитивните хомо еректус живееле во Индонезија и хомо родосиенсис во Централна Африка, пишуваат од “Science Alert“.

Покрај нив живееле неколку видови со мали мозоци: хомо наледи во Јужна Африка, хомо луцоненсис на Филипините, хомо флоренсиенсис (“хобити“) во Индонезија и мистериозни луѓе од црвените пештери во Кина.

Меѓутоа сите тие видови исчезнале пред 100.000 години иако нема докази дека дошло до некоја катастрофа која довела до тоа.

Всушност времето на изумирање укажува дека тие исчезнале со ширењето на новиот вид кој се развил пред 260.000 - 350.000 години во Јужна Африка - homosapiens. Ширењето на модерниот човек од Африка предизвикало шесто масовно изумирање, случување поголемо од исчезнувањето на цицачите од леденото доба. Но, се претпотавува дека другите човечки видови исчезнале поради насилство.

Во Европа, единственото место со релативно целосни археолошки записи, фосилите покажуваат дека во рок од неколку илјади години од нашето доаѓање неандерталците исчезнале. Трагите на неандерталците односно на нивната ДНК кај некои Евроазијци докажува дека не сме ги замениле откако изумреле. “Сме се запознале и одредено време сме се дружеле“.

ДНК зборува и за други средби со архаични луѓе. Источноазиските, полинезиските и австриските групи имаат ДНК од денисовците. ДНК од други видови, веројатно хомо еректус се појавува кај многу азиски луѓе. Афричките геноми покажуваат на траги од ДНК на уште еден архаичен вид.

Нашите предци ги истребиле своите роднини поради пораст на популацијата. Сме ја дуплирале популацијата на секои 25 години, а кога луѓето станале кооперативни ловци, не сме имале повеќе предатори. Без предатори кои го контролираат нашиот број и со малку планирање на семејство, популацијата растела и ги користела расположливите ресурси.

Сепак, изумирањето на неандерталците траело илјадници години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг