Заработете преку Фејсбук! Ова е најлесниот начин да добиете одлични пари

Супермен

02/12/2019

14:18

4.879

Големина на фонт

а а а

Oткако Фејсбук претходно беше принуден да згасне две апликации кои собираа голем дел од податоците на корисниците, сега во име на истражување на пазарот компанијата подготви нова апликација по пат на која ќе се наградуваат корисниците за доброволни повратни информации.

Новата апликација за истражување на пазарот наречена е “Viewpoints“, а ветува компензација за своите корисници во замена за исполнување на некои услови како и други задачи.

Корисниците ќе може да заработуваат до 600 долари годишно, а парите ќе им бидат испратени преку “PayPal“, кога ќе соберат доволен број поени преку учеството во програмите. Прецизни податоци за бодувањето не се објавени, но се знае дека некои од наградите немаат парична вредност.


Фејсбук оваа апликација ќе ја користи за многу повеќе од истражување. Од корисникот би можело да се бара вршење на одредени задачи, да демонстрира производи или пак да помогне во подобрување на АИ технологијата како што е снимање на изговарање на имиња за да се подобри препознавање на гласот или пак означување на фотографија, односно да ја препознава самата фотографија.


Сè уште не е јасно за какви уште податоци станува збор и дали од корисниците ќе се бараат неговите навики за сурфање или користење на самата апликација.

Во условите за користење наведено е дека апликацијата може да собере податоци од мобилните телефони на самиот корисник вклучувајќи и вид на пребарувач и податоци за локацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk