Министерство за правда: Груевски не е уапсен, се бара негова екстрадиција

Макфакс

02/12/2019

11:13

3.360

Големина на фонт

а а а

Министерството за правда демантира дека поранешниот премиер и екс лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега во Унгарија, е уапсен.

„Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција. На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на Никола Груевски – уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека во прилог на ова е последниот допис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство.

„Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту какви било други мерки против Никола Груевски“, се истакнува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг