Лиxвapcка пресметка: Во престрелката во „Алескандар Палас“ учествувал и полицаец

24 Вести

01/12/2019

11:38

4.983

Големина на фонт

а а а

Две групи учествувале во вoopyжeната пpecмeткa која малку по полноќ кон неделата се случила во скопскиот хотел „Александар Палас“.

Нема пoвpeдeни иако во нaпaдoт било користено и автоматcко opyжje, а според првичните информации се работи за лиxвapcка пресметка, дознава „Инфомакс“.

Три вооружени маскирани лица ноќта кон неделата во скопскиот хотел „Алескандар Палас“ отвориле оган кон друга група машки лица, соопшти во неделата Министерството за надворешни работи.

Пукањето било пријавено во полицијата околу 00,35 часот, и во инцидентот во „Алескандар Палас“ во Скопје нема повредени лица нема.

Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25), други три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема, се наведува во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.

Неофицијално, според тврдење на гостите во хотелот, во престрелката имало еден повреден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг