Кон почетокот на оваа година, актерката Мишел Фајфер се приклучи на Инстаграм каде постојано објавува фотографии од себе, а неодамна ги израдува своите фанови со фотографија на која позира без грам шминка.
Токму како што тоа го направија многу познати дами досега, така и Мишел решила да покаже како изгледа во природно издание. 61-годишната актерка докажала дека грациозно старее, а за оваа фотографија добила над 130 илјади лајкови. Фановите коментирале дека се воодушевени од нејзиниот природен изглед.
Мишел не крие дека се придржува до веганскиот начин на исхрана кој е заслужен за нејзиниот свеж изглед, но и дека правела минимални корекции на лицето. Таа е една од ретките дами од Холивуд која природно и грациозно старее.