ФИФПро во заштита на фудбалерите на Наполи: Клубот не смее да ги заплашува играчите

Дерби

30/11/2019

14:14

1.654

Големина на фонт

а а а

Аурелио Де Лаурентис лично им образложил на своите фудбалери зошто се казнети со сериозни суми поради случајот „карантин“, но инсистирал на тоа дека нема намера да ја повлече својата одлука.

Сепак, во случајот се вмешува и ФИФПро, светската унија на фудбалери, која во последното соопштение вели дека ќе ги заштити членовите на Наполи од понатамошни заплашувања и мобинг.

– Одлуката на Наполи да одземе дел од платите на фудбалерите е без цврста основа и ќе биде обжалена колективно.

– Сметаме дека забраната на клубот да си заминат дома по мечот со Салцбург не била издржана, како и сите други вработени, фудбалерите имаат право на заштитен приватен живот, посебно знаејќи го денешниот густ распоред на натпревари.

– Фудбалерите на Наполи не можат да бидат жртви на одредени вонредни одлуки на клубот поради лош резултат на теренот. ФИФПро ќе се залага да ги заштити играчите од понатамошни заплашувања од клубот, – велат од најмоќното здружение на професионалните фудбалери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг