22-годишна Јутјубeрка заработува по 7.000 фунти за една минута: Го напуштила училиштето поради врсничко насилство, а интернетот ја излекувал

Точка

30/11/2019

13:29

11.218

Големина на фонт

а а а

Јутјуб ѕведата Емили Канам е успешна до таа мера што може да заработи и до 7.000 фунти за само една минута работа.

Модната и бјути блогерка не само што има милион следбеници на оваа платформа, туку е и во врска со Џејмс Брн, кој припаѓа на т.н. А листа на славни личности. 

Но, пред само 5 години сè било поинаку – Емили го напуштила училиштето бидејќи постојано била малтретирана од своите соученици и била на раб на депресија. Бидејќи била сама и не сакала да го поминува времето со другите ученици, таа почнала да снима видеа.

Вели дека тоа имало значајно влијание врз нејзиното ментално здравје и дека токму Јутјуб ја извлекол од дното.

“Училиштето не беше најдобро место за мене како за креативна личност. Бев жртва на насилство. Во средно училиште имаше кретени и к*чки, а бидејќи не сакав да бидам вклучена во тоа, ме изолираа. Затоа сама се повлеков од таа ситуација и продолжив да се школувам дома бидејќи психички ми беше многу тешко, се чувствував заробено и депресивно”, открила Емили.

Денес таа патува низ светот и е редовна гостинка на црвените теписи, а се чини дека тоа е најдобрата одмазда за сите оние кои некогаш ја малтретирале. На почетокот, снимањето влогови ѝ било само хоби кое полека започнало да станува сериозна, 24-часовна работа.

“Се сеќавам кога ги добив првите пари од Јутјуб реклами. Мислев дека е лудо – да бидам платена за нешто што ми носи толкава радост”, изјавила убавата 22-годишна девојка која има огромен број верна публика и затоа е омилена помеѓу бројните брендови.

Емили признала дека може да заработи и до 7.000 фунти за една минута и дека вработила агент кој се грижи за нејзините финансии.

Атрактивната бринета е остварена и на љубовен план – таа е во врска со 14 години постариот музичар Џејмс Брн, член на популарниот бенд “Busted”.

“Бев збунета од преголемата разлика во годините, сакав да ги знам неговите намери пред да започнам било што, па затоа бевме пријатели пред да бидеме нешто повеќе”, објаснила Канам и додала дека сè уште немаат никакви планови за иднината.

Интересно е што и нејзината помлада 11-годишна сестра Софи тргнала по нејзините стапки, па и самата гради кариера на блогер, а на Инстаграм ја следат повеќе од 46.000 луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг