Уловил пирана и ѝ “понудил“ челична жица: Не можел да поверува што направила

Точка

30/11/2019

14:30

19.751

Големина на фонт

а а а

Пираните се риби кои се познати по исклучително острите заби и силна вилица,а не се ретки ни случаите во кои можат да убијат и човек.

Иако некои од луѓето ги чуваат како домашни миленичиња, тоа е строго забрането, а во некои делови од светот поради тоа се добива и казна затвор.

Забележани биле и неколку напади од овие риби кои во епилогот имало смрт.

Во 2011-та година пијан 18-годишник бил нападнат и убиен од пирана во Боливија. Една година подоцна 5-годишно бразилско девојче било нападнато и убиено од страна на јато пирани со црвени стомаци, едни од најопасните видови од оваа риба.

На некои бразилски реки дури има поставено и знаци за опасност од смртоносни пирани, а во 2011-та година во бразилската држава Пјауи околу 100 луѓе биле повредени поради напад од пирани.

Овој рибар одлучил да испроба што ќе се случи кога на уловена пирана ќе ѝ “понудите“ челична жица.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг