Пронајдено “куче“ старо 18.000 години! Еве за што станува збор

Точка

30/11/2019

13:00

7.407

Големина на фонт

а а а

Научниците сметаат дека ова ново откритие би можело да ја покаже еволутивната врска помеѓу модерните кучиња и волците.

Истражувачите во Сибир пронашле кутре старо 18.000 години, но не можат да утврдат дали е тоа куче или пак волк.

Кутрето кое имало само два месеци кога угинало, неверојатно е сочувано во овој руски ладен регион. Крзното, носот и забите останале недопрени...

Сепак, врз основа на ДНК анализата немало можност да се утврди на кој вид припаѓа. Научниците велат дека тоа значи дека овој примерок веројатно е врската помеѓу волците и модерните кучиња - некој преоден вид во еволуцијата.

Со испитувањето на староста на јаглеродот утврдено било колку кучето е старо и колку денови имало кога угинало. Врз основа на гените утврдено било дека станува збор за кутре од машки пол.

Истражувачот Дејв Стентон од Центарот за палеонтологија во Шведска рекол дека делови од ДНК укажуваат дека ова животно би можело да биде предок на куче и волк.

„Веќе имаме многу податоци од него и би требало да можеме да утврдиме дали станува збор за куче или волк“ - изјавил тој.

Друг истражувач од овој центар, Лав Дељен на Твитер поставил прашање дали ова младенче е волк или пак “најстарото куче кое некогаш е пронајдено“.

Научниците ќе продолжат да ја испитуваат неговата ДНК и се очекува да дадат извештај за еволуцијата на кучето.

Кутрето го нарекле “Догор“ што значи пријател, а воедно е почеток на прашањето на англиски “куче или...“ (Dog or?).

Се верува дека кучињата ги наследиле волците, но постои дебата во кругот на научници: кога кучињата всушност биле припитомени?



Спонзорирани линкови

Маркетинг