“Прости им сине, навистина не знаат што прават...”: Отвореното писмо на Северина по одземање на нејзиното дете ја расплака јавноста

Точка

29/11/2019

18:54

8.026

Големина на фонт

а а а

47-годишната пејачка Северина објавила долга порака на Инстаграм, еден ден откако на суд ѝ беше одземено старателството над синот Александар и привремено доделено на таткото на детето – 54-годишниот Милан Поповиќ.

Објавата на Северина ви ја пренесуваме во целост: 

“Знаеш сине,

Тоа се само некои документи кои некој ги испишал и постојат некои букви кои некој ги “скоцкал” во зборови кои не вредат за нас двајца. Нè одзедоа еден од друг физички, но тоа е единственото нешто што можат да го направат. По 7 и пол години, сега ми дозволуваат да те гледам само 88 часа месечно. Еј, тоа се сепак 88 часа. Можеа да бидат и помалку, тие направија сè за да нè повредат.

Но, знаеш ли што сè можеме, јас и ти со 88 часа? Можеме чуда. Ми дозволија два пати месечно да преспивам со тебе и да те заспивам ... Еј, колку можеме да си изнакажеме за тие две вечери, тие не можат ни да замислат. Сите други вечери, мама ќе те замислува. Бидејќи ти се претвораш во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во тебе.

Некои луѓе можат да ми те забранат, но не можат да ми забранат да те сакам, да мислам на тебе секоја секунда. Ова е сине, само еден гаден сон и мама ветува дека брзо ќе се разбудиме.

Повторно ќе се успиваме секоја вечер, а за тоа ќе одлучи “господинот време”. Дотогаш, мама ќе биде секогаш покрај тебе и ова брзо ќе пројде, сине.

Извини што не стигнав ни да ти објаснам што се случи вчера, имавме многу поважни работи… Гледавме “Toy Story 4”, па правевме палачинки, па си игравме во зоолошка… Немаше време за тага ниту за објаснување… Морав да те одведам… Отидовме со насмевка.


Тие чудни зборови кои постојат само на листовите, но не и во реалноста, ги напиша една тетка која не знае кои сме ние и која само си игра со нас… Тетката е на повисоко ниво во играта. Воведе нови правила во играта наречени “хрватско правосудство”. Ние едноставно не го имавме ова предвид, не ги знаевме правилата. Тоа се нејзини правила, нивни, не наши.

Само ти биди ми добро и сè ќе биде во ред. Мама е добро, Робине мој, твојот Бетмен те чека.

И прости им сине, бидејќи навистина не знаат што прават”, напишала Северина на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг