Научниците откриле црна дупка која е толку многу голема што не треба да постои

Точка

29/11/2019

14:42

3.990

Големина на фонт

а а а

Научниците открија огромна црна дупка која е толку многу масивна што во теорија не треба ни да постои.

Станува збор за стеларна црна дупка која се формира по изумирањето на големите ѕвезди, нивното згаснување и експлозија.

Научниците претходно верувале дека црната дупка може да има 20 пати поголема маса од нашето Сонце затоа што додека ѕвездите умираат го губат поголемиот дел од масата по пат на експлозија во која исфрлаат материја и гасови.


Меѓутоа, оваа теорија е поништена по новооткриената црна дупка LB-1 оддалечена на околу 150.000 светлосни години. Таа има маса 70 пати поголема од Сонцето.

„Црна дупка со толкава маса не треба да постои во нашата галаксија барем според најактуелните модели на стеларната еволуција. LB-1 е двапати помасивна од она што мислевме дека е можно. Сега теоретичарите мора да го исполнат предизвикот и да одговорат како се формирала таа“ - изјавил Лиу Јифенг, шеф на тимот кој е заслужен за ова откритие.

Научниците се обидуваат да дојдат до одговор како оваа црна дупка станала толку многу голема. Кинескиот тим предложил неколку теории. Нејзината големина укажува на тоа дека се формирала од згаснување на само една ѕвезда, можеби станува збор и за две помали црни дупки кои орбитираат една околу друга.


Втората можност е формирање по експлозија на ѕвезда кога исфрлила материја во супернова и креирала црна дупка. Ова теоретски е возможно, но научниците не можеле да го докажат тоа.

Научниците веруваат дека супермасивната црна дупка би можеле да ја поврзат со формирање на галаксија, но не е јасно како се формираат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг