Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека е задоволен од некои од младинците кои вчера настапија на натпреварот со Астана.
Манчестер Јунајтед со младинскиот состав загуби со 2:1, но некои од играчите како Дилан Левит, Итан Лерд и Џејмс Гарнер оставија добар впечаток.
– Разочарани сме со резултатот, но дефинитивно има позитивни работи. На моменти бевме одлични, а младите играчи кои дебитираа исто така беа на нивото. Доминиравме на средината на теренот, Џејмс Гарнер и Дилон Левит беа доминантни, убаво е да се види тоа. Итан беше одличен по десната страна. Против АЗ Алкмар повторно ќе се ротира, па некои од нив повторно ќе добијат шанса, а некои од младите со сигурност ќе заминат на позајмица во јануари, - изјави Солскјер.