„Мојот татко ќе ти ги рашири нозете и ќе проверува дали си невина“: Од приказната на оваа млада невеста се згрозиле многумина

Кармин

29/11/2019

11:45

9.232

Големина на фонт

а а а

Анонимната невеста на форумот “Reddit“ споделила стравично искуство од кое, за среќа побегнала, а ние нејзината приказна ви ја пренесуваме во целост.

„Вереникот ме запроси пред осум месеци. Се одлучивме за мала венчавка кој требаше да се одржи за два дена. Сите подготовки течеа одлично, тој беше прекрасен и се сакаме повеќе од кога и да е“ - вели девојката.

„Јас сум девица баш како и тој, и тој изрази желба да се “чуваме“ за бракот. Се согласив на тоа. Меѓутоа, ми кажа дека неговото семејство планира да ме прверува дали сум невина. “Умрев“ од смеење на тоа затоа што навистина звучеше како шега. Но, тоа беше вистината.


Како што неодамна ми објасни, јас треба да учествувам во церемонијата во која неговиот татко ќе ми ги рашири нозете и ќе ме проверува, а сето тоа ќе го набљудуваат неговиот вујко и браќата за сите да бидат сведоци дека сум “чиста“.

Му кажав дека нема шанси да учествувам во тоа, а тој ме преколнуваше да се согласам затоа што тоа им е традиција и мора да се испочитува. Ми кажа дека е свесен дека е тоа срамно за мене, но дека и неговата мајка поминала низ истиот процес и дека така ќе докажам дека го сакам.

„И онака нема што да криеш, ти си девица“, ми рече. Потоа се одвоивме и цела ноќ ја поминав во плачење.

На раб сум да ја откажам венчавката и никогаш да не проговорам со него. Меѓутоа, го сакам и навистина мислам дека сме совршени еден за друг и не сакам никој друг.

Што да правам? Моментално сум кај другарка ми, утре е мојот последен ден пред венчавката и во паника сум“.


Луѓето кои ја прочитале оваа приказна се згрозиле од традицијата и согласно ја советувале девојката да ја откаже целата работа.

Девојката наредниот ден се вратила на форумот со нови вести:

„Утрово зборував со него и му кажав дека не доаѓа предвид неговиот татко да ме прегледува и дека ќе мора тоа да го почитува. Меѓутоа, тој кажа дека тоа мора да се случи и замина и кажа дека лажам дека сум невина. Се обидов да бидам смирена и да гледам рационално на работата, но тој беше неразумен. Му кажав дека доколку навистина ме сака ќе биде на моја страна. Потоа ме удри и ми кажа дека не е должен да ми докажува било што и така го оставив“ - раскажала девојката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk