Мајката на најголемото британско семејство го покажа трудничкиот стомак, го чека 22-то дете

Точка

28/11/2019

18:34

4.380

Големина на фонт

а а а

Откако пред еден месец објави дека го чека 22-то дете, Сју Радфорд го покажа трудничкиот стомак.

44-годишната Сју и нејзиниот 48-годишен сопруг Ноел открија дека им пристигнува девојче, со што напролет ќе бидат родители на 11 момчиња и 11 девојчиња.

„Прва фотографија од трудничкиот стомак, не можам да верувам дека веќе сме на пола пат“, напишала Сју и заработила преку 13.000 лајкови.

„Повеќето луѓе имаат едно девојче и едно момче и потоа застануваат. Совршено е тоа што имаме рамнотежа од 11 девојчиња и 11 момчиња“, изјавила неодамна за „The Sun“.

Мајката признава дека она што ќе им биде најтешко е изборот на имиња, бидејќи повозрасните деца се веќе доволно големи за да дадат свое мислење.

View this post on Instagram

Happy Halloween everyone ??#halloween

A post shared by Radford Family (@theradfordfamily) on

Парот живее во куќа со десет спални соби, а единствен извор на приходи им е платата на таткото Ноел кој работи како пекар и 170 фунти детски додаток, кој го добиваат секоја недела. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг