Зоран Илиев-Роџер: Откако ни се случи пеколот сега ни е убаво и нема назад

Точка

27/11/2019

22:19

55.374

Големина на фонт

а а а

Зоран Илиев вам попознат како Роџер кој важи за една од скопските урбани легенди, три години со неговата прекрасна сопруга Ана, синовите и ќерката живее и работи во Мелбурн. Од неодамна и еден од неговите синови, Давид замина таму. Кои се причините за првпат објаснува јавно и отворено за Точка.

Кој беше пресуден момент да се решите да се спакувате и да заминете „преку големата бара“?

- Причините поради кои заминавме се преголемите неправди кои ни ги нанесе системот и ни ги затвори сите бизниси кои ги работевме. Луѓе поврзани со судот и власта ни затворија се. Јас сум со гаранција единствениот човек кој не можеше да влезе во својот сопствен дуќан без никаква причина, долг или проблем. Едноставно не ме пуштаа со обезбедување од трговскиот и под уцена да ми го купат дуќанот. Така морав да го продадам на трето лице бидејќи не можев да влезам. Имам 6 записника од полиција дека не ме пуштаат и на крај судијката која донесе времена мерка да ме пуштат издаде решение дека се е измислено, сите докази ми ги отфрлија под притисок од Амди Бајрам и неговиот зет, директор на ГТЦ - Аго Абазовски. Ми го раскинаа договорот вреден 475.000 евра со новите кираџии. Ми го раскинаа договорот и не пуштаа да влезет нови кираџии. Потоа не го пуштаа и купецот неколку месеци.


Што е најчудно, агенцијата која ги најде кираџиите кои не ги пуштија ме дава на суд и плаќам 8.000 евра провизија за услуга на агенцијата. Кираџиите не ги пуштија без никаков основ. Co најголем фалсификат на фактури ме задолжуваат со 3000 вц шољи, 2000 колички за земја, кои ниту постојат, ниту сум ги видел, ниту сум ги купил. Замислете, сето тоа вештачено фалсификат и доставено во суд. На мое барање откриено во финансова полиција, која доставува кривично гонење на база на 100% докази направено ново вештачење и повторно одбиенио во суд... .Договорени стечаен судија со адвокати и судии ме добиваат на суд и сите мои документи ненавремено ги доставуваат и ме добиваат на суд. Случајот го давам во јавно обвинителство со сите докази и ништо не се презема 5 години за да застарат делата... Со целиот фалсификат се упишаа со дел во мојата куќа во центар. Сега имам нови докази до обвинителство и доколку не се постапи, ќе ја спроведам најголемата измама и неправда до Стразбург... Што вреди што ова го кажувам, зарем не се гледа што се се случува и се уште никој за ништо не одговара?

Учествуваше со проект и за Универзална сала?

- Проектот кој го направив за Универзална сала беше награден и најдов инвеститор кој сакаше да донира 10.000.000 за да се реализира, но ме одбија.

Направив патент материјал за фасади со добиено признание за најквалитетен во светот. Ми се заканија дека ќе ме ликвидират ако одам на тендер. Ги направија фасадите од стиропор за 5 пати повисока цена со гаранција од 3 години, а мојот имаше гаранција 100 години.


Што се случува со твојот оригинален проект Роџер Пијано? 

- Во Роџер Пијано ми ја исклучуваат водата без долг поради некој друг кој не платил. Ниту има моја фирма, ниту мое име, ниту фактура што се однесува до мене. Поради друг долг, бесправно без налог од водовод ми ги вадат водомерите. Бидејќи нема логика, спорот го добивам. Но, документите ги снемува, па сега ќе ги бараме службено. Се случува кражба и ми ги крадат калапите за боговите од Рогер Пијано. Јас пријавувам во полиција бидејќи крадците ги искршиле саатите за струја и ја исклучиле струјата. Наместо да водат истрага, а јас знам и кои се тие, ме задолжуваат со 10.000 евра струја, велејќи ми "молчи инаку ќе добиеш кривична и не можеш да одиш надвор од државата". Јас веќе се подготвував да заминам.....Се уште не ме тужат бидејќи и тие ќе изгубат како водовод ...Но, ресторанот кој е приказна за македонската музика напишана во ноти за да остане вечна Македонска ми го затворија. Добив награда за градбата и приказната и ми ја одземаа. А требаше на доделување да дојдат двајца амбасадори и се чудеа како е тоа можно. 


Го најдовте ли конечно мирот?

- Сега сме во Австралија во Мелбурн. Прекрасен град со се што ќе посакаш. Се продаваме и тоа е се. Откако ни се случи пеколот сега толку ни е убаво што не помислуваме за назад. Јас дојдов два пати, еднаш на еден ден и втор пат на три дена. Не можам повеќе да седам само на кратко заради некои проблеми кои морам да ги решам. Првиот пат бев 25 дена во Белград стациониран и летав низ Европа поради големиот проект за загадување кој го работам. Го имаме најдоброто решение за кое само во Македонија не постои никаков интерес. Во Македонија бев само на еден ден. Вториот пат дојдов за син ми кој мораше да го заокружи нашето напуштање на Македонија, на жалост на тежок и ризичен начин. Фала на сите кои помогнаа. Сега тој е овде, работи и се е во ред.


(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг