Младиот фудбалер на Јунајтед кој го победи ракот: Мислев дека нема да преживеам…

Дерби

27/11/2019

12:17

1.890

Големина на фонт

а а а

Приказната на младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Макс Тејлор лесно може да се стави на филмска лента.

19-годишниот играч од одбраната на „ѓаволите“ ќе има можност да дебитира за првиот тим на Манчестер Јунајтед на натпреварот против Астана.

Неговата приказна е инспиративна затоа што тој пред точно една година беше подлежен на жестоки терапии поради тоа што му беше дијагностициран рак на тестисите. Во октомври минатата година тој беше опериран, а потоа беше и на интензивна хемотерапија.

Сега откако се исчисти, Тејлор веќе одигра неколку натпревари за резервниот тим на Манчестер Јунајтед, а би требало да добие прилика да дебитира и за сениорите на гостувањето во Казахстан.

– Секогаш ми се вртеше во глава дека нема шанси да бидам жив после тоа. Имаше моменти кога размислував и дали ќе можам да играм после ова, а имаше моменти и кога си мислев дека нема шанси да се извлечам. Сега, пораката која сакам да јапратам до сите е дека се е возможно. Возможно е да го постигнете она што го сакате, без оглед на се, - изјави младиот Тејлор кој доколку дебитира за „ѓаволите“ со сигурност ќе ја има спортската сторија на годината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг