Сари со коментар за играта на Роналдо против Атлетико: Се надевав дека тој…

Дерби

27/11/2019

11:28

1.353

Големина на фонт

а а а

Екипата на Јувентус забележа минимална победа од 1:0 против Атлетико Мадрид по која ја завери првата позиција на табелата во групата Д.

Стрелец на единствениот погодок беше Пауло Дибала, а Јувентус уште еднаш прикажа не толку добро издание под водство на Маурисио Сари.

Италијанскиот стратег по средбата даде свој коментар за играта, како и за настапот на Кристијано Роналдо.

– Го одигравме првото полувреме намногу високо ниво, во второто изгубивме многу топки. Падот во играта беше затоа што напорно одигравме на натпреварот во Бергамо, но мислам дека настапот беше добар. Дибала беше заменет затоа што тимот изгуби концентрација и мислев дека Игуаин ќе не крене. Зошто Роналдо не излезе? Сакав да го задржам затоа што се надевав дека ќе постигне гол кој ќе му помогне да се „отклучи“. Подоцна ќе провериме дали неговото опоравување вроди со плод или не, - изјави Сари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг