Македонија ѝ пружа помош на Албанија: Испрати тим од 41 лице и 11 возила за спасување

Точка

26/11/2019

20:14

2.975

Големина на фонт

а а а

Тим од 41 лице, од кои 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување специјализирани за спасување од урнатини, двајца водичи со кучиња од МВР за пребарување на теренот, и четири лица од Црвениот Крст на РСМ се испратени во Албанија заради справување со последниците од силниот земјотрес, кој изутринава ја погоди земјата.

Тимот е координиран од Дирекцијата за заштита и спасување, која како што соопшти ги презема сите потребни организациони подготовки за испраќање помош на настраданото население.


Освен тимот, ДЗС испрати и 11 возила со специјализирана опрема за спасување и расчистување на теренот.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Албанија.

Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, загинаа најмалку 20 лица, а над 600 се повредени.


Освен што се испратени екипи за помош на местото на настанот, отворени се и линии за донации, како и трансакциска сметка.

Сите оние кои сакате да помогнете, само завртете на овие броеви, или пак, доколку сте во можност, појдете утре до најблиската експозитура и извршете трансакција.

Телефонски броеви за донации:

070/143 400
075/143 400
077/143 400 

Бројот на жиро сметката на фондот за солидарност е 300000001327966 - на која може да се уплатат парични средства.



Спонзорирани линкови

Маркетинг