Манчестер Јунајтед во четврток ќе гостува на тимот на Астана во Казахстан во натпревар кој нема големо резултатско значење за нив затоа што веќе обезбедија пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа.
„Ѓаволите“ на натпреварот против Астана ќе имаат измешан состав во кој ќе преовладуваат млади играчи од кои некои и за прв пат ќе го облечат дресот на сениорскиот клуб.
Се очекува голем дел од првотимците да останат во Манчестер каде ќе се подготвуваат за средбата со Астон Вила која на програмата е следниот викенд. Медиумите јавуваат дека Солскјер се одлучил на досега ретко виден чекор по кој ќе ги остави двајцата помошници, Мајкл Керик и Кјеран Мекена во Манчестер, а во Казахстан да го понесе Ники Бат кој е главен на младинските категории во клубот.
Во Манчестер Јунајтед има некои млади фудбалери кои ветуваат многу и кои полека добиваат се поголема доверба од Солскјер. Брендон Вилијамс и Мејсон Гринвуд ја искористија понудената шанса, додека останатите се уште чекаат момент да блеснат во дресот на „црвените ѓаволи“.