Диркторката на домот: Свесни ли сте дека протестирате против деца кои немале среќа во животот

Макфакс

24/11/2019

16:44

9.745

Големина на фонт

а а а

Директорката на домот „Ранка Миловановиќ“, вели дека утрово ги дислоцирале децата од домот за да не се соочат со гневот и омразата на луѓето што протестираат. Таа вели не знаеле воспитувачите што да им кажат оти децата прашувале зошто нивните соседи не ги сакаат.

„Не знам дали овие жители се свесни дека прортестираат против три деца кои немале среќа во животот и се нашле во оваа институција. Сакам да апелирам да размислат, да се најде разумно решение да да не се соочат со нашите предрасуди, гнев и омраза. Замислете, образложението е дека децата не се достојни да живет во нивната како што ја нарекуваат приватна населба“, рече директорката на домот Виолета Масевска-Палиќ.

Таа ги демантираше наводите на жителите дека децата биле оставени сами на себе и дека вршеле девијантни појави, посочувајќи дека за децата се грижи стручен тим од 24 часа.

„Ова е институција од отворен тип , не е затвор. Тие имаат право да излезат и да се движат , да појдат до продавница, да прошетаат. Но, јас ве уверувам дека ниту едно од трите деца не излегло без да праша воспитувач. Тие се толку исплашени, што едвај излегуваат, а дури не ја ни познаваат населбата. Ако некој од жителите има такви наводи, повикувам да си пријави во полиција и да се расчисти таква ситација“, додаде Масевска Палиќ. 

Групниот дом е отворен на 17 октомври, тука престојуваат три машки деца на возраст од 13 до 15 години, а според кажувањето на надлежните може да бидат сместени максимум пет деца



Спонзорирани линкови

Маркетинг