Мицкоски: Не им се лутам на медиумите и новинарите, лажните вести доаѓаат од Владината зграда, а лажат зошто паѓаат од власт

Нетпрес

24/11/2019

13:21

1.509

Големина на фонт

а а а

Во интервју за порталот Курир.мк претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговараше на повеќе актуелни прашања, а она за лажните вести зазема посебно место.

Зошто мислите дека лажната вест доаѓа од Владата?

Мицкоски: Јас не им се лутам на медиумите, ниту новинарите, напротив во сите до еден гледам партнер и соработник, но секако дека знам од каде доаѓаат овие вести, а тоа е од Владината зграда на Илинденска, а исто така го знам и мотивот, лажат зошто паѓаат од власт. Шират лажни вести за да помалку се збори за вистината, за да се стиши темата со Катица и нејзиното ослободување од затвор, за криминалците и убијците кои ги пуштаат на слобода, за да се стиши и онаа тивка но нептоценувачка кавга во СДСМ за коалицијата со ДУИ, каде кумашинот Зекири зборува едно, а кумот Заев друго. За да не се зборува за онаа ефтина престава за фингираната кавга помеѓу обвинителството и Апелација. Тоа е целата вистина. И луѓето од власта се во паника, им стигаат анкетите каде губат, а разликата се зголемува, знаат дека ги минуваат последните месеци на власт и затоа мора да лажат, а не гледаат дека во жив песок тонат. Наместо да засукаат ракавите и да решаваат проблеми, го ангажирале едниот министер од владата со измислен ресор кој граѓаните ги чини илјадници евра годишно, за чие трошење подетално ќе се позанимаваме по смената на власта, и оние советници околу Заев на кои кожата им се тресе од паѓање на власт, зошто таков неквалитет само Заев може да прибере, да пишуваат лажни вести, да ја убиваат вистината секој ден. Наместо да отворат некоја фабрика за нови работници, тие отворија фабрика за лажни вести. Но паѓаат на тестот на времето. Секоја лага им се распрсна, како онаа за имотот и уделот кој го имав со хидроцентралите, и оние десетици пресови на кои лажеа дека сум направил незаконско стекнување, а сега кога ги демантираше нивната Антикорупциска никаде ги нема ниту да се извинат. Исто како што постојано си фабрикуваат дека сум се сретнал со овој па со оној, дека сум имал некаков таен договор со Заев, можеби таков посакуваат, но јас договор со криминал на сметка на правда не правам, или пак онаа лага која им се распрсна напишана преку исечоци од повеќе руски портали или тоа дека сме биле антизападни, а јас сум чест гостин на сите настани од европско значење и од Европската народна партија и од германската владеачка партија ЦДУ. И таквите лаги кои ги шират имаат за цел и да ги покријат и нивните лаги и ветувања кои ги дадоа, а никако не може да ги исполнат. 

Каков ќе биде вашиот одговор за лажните вести, планирате ли да тужите?

Мицкоски: Засега не, затоа што тоа не не води никаде, ниту пак планирам да се спуштаме на нивото кое го имаат тие и ние да креираме лажни вести. Не планирам да водам политика на ниски страсти, тоа не е тоа што им треба на граѓаните. Јас планирам да се занимавам со вистината која за нив е поразителна, е да, за тоа нека се подготват набргу и таа воопшто нема да биде пријатна за нив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг