Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека кинеската армија не се замешала во задушувањето на продемократските протести во Хонг Конг само затоа што тој тоа го побарал од својот кинески колега Си Џингпин.
„Без мене Хонг Конг ќе беше смачкан за 14 минути. Тој (Си Џингпин) има еден милион војници на позиции околу Хонг Конг и тие не отидоа во градот само затоа што јас тоа го побарав од него“, рече Трамп во телефонско интервју за програмата „Foks and friends“ на телевизијата „Фокс њуз“.
Трамп исто така рече дека Вашингтон и Пекинг продолжуваат да преговараат за договорот со кој ќе се стави крај на трговската војна меѓу двете земји, што Трамп ја почна против Кина.