Две деца во Индија починале откако паднале во лонец полн со жешко традиционално јадење

Точка

22/11/2019

19:19

2.091

Големина на фонт

а а а

Две момчиња во различни инциденти во Индија овој месец паднале во големи лонци со жешка супа и починале од изгореници.

3-годишно дете на 18-ти ноември, за време на семејна прослава паднало во голем лонец со жешко традиционално јадење - самбхар. Самбхар е зачинета супа од зеленчук и леќа, која е популарна во јужна Индија.

Момчето случајно го турнало капакот и паднало во жешкото јадење. Веднаш е однесено во болница, но сепак починало од изгореници, пренесува CNN.

Пет дена претходно, на 13-ти ноември, 6-годишниот Бехлапурам Реди паднал за време на престојот во градинка во селото Пањ во лонец полн со жежок самбхар.


„Реди за време на ручекот отишол со своите другарчиња од групата во кантина. Додека трчал случајно паднал во лонецот. Во кантината во тој момент немало персонал од градинката. Од лонецот го извлекле локалните работници и го однеле во болница“, рекле од локалната полиција.

Во Индија ручекот во училиштата и градинките се прави во големи лонци, кои се големи и до 1,2 метри. Истрагата е во тек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг