Мицотакис: Не се чесни земјите членки на ЕУ

Макфакс

22/11/2019

19:12

1.059

Големина на фонт

а а а

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис порача дека земјите членки на ЕУ не одговориле на барањето да преземат 3.000 малолетни мигранти без придружба, кои моментно живеат во прифатни центри и други објекти во Грција.

Тој во парламентот рече дека немало одговор на барањето на неговата влада додавајќи дека земјите партнери не биле чесни во овој случај.

Мицотакис го претстави планот на неговата конзервативна влада за надградба на системот за давање азил и прием на мигранти во Грција, со кој се предвидува речиси 20.000 мигранти до крајот на годината да бидат префрлени од грчките острови на копно, и формирање центри за притвор за да се забрза нивната депортација назад во Турција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг