Надија Нусејбеј (24), во склоп на емисијата „Rich Kids Go Skint“, која се емитува во Велика Британија, ја посетила Натали Русел (40), која е самохрана мајка на два сина, со кои живее во куќа со две спални соби.
Инаку, целта на емисијата е децата на богаташите да поминуваат време во сиромашни семејства.
Надија живее во луксузна лондонска населба и неконтролирано троши пари кои ги зема од родителите. За една вечер троши и по 1000 фунти. Месечно за такси дава и по 1.500 фунти.
„Можам да потрошам и 1.500 фунти за такси, пешачењето е за селани. Трошам 500 фунти во паб или во бар“, вели Надија.
Кога размазената богаташка дошла кај Натали, доживеала шок.
„Мислам дека ќе се чувствувам виновно само затоа што сум родена во привилегирано семејство кое има повеќе можности“, рекла таа.
И покрај разликите меѓу неа и Натали, во шоуто добро се согласиле.
Инаку, „Rich Kids Go Skint“, е шоу во кое децата и младите пораснати во богати семејства одат во сиромашни семејства и со нив ги извршуваат вообичаените работи како што се купување намирници, правење вечера, миење садови...