Вучиќ: Му реков на Заев дека нема да има преговори

Макфакс

22/11/2019

17:25

2.823

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој денеска беше во прва официјална посета на Белград, истакна дека не сака ЕУ и натаму да се однесува кон земјите од регионот како со кукли на конец.

Најави дека и дека од него нема да слушнат ништо лошо за другите во регионот, туку само дека сите се прекрасни соседи и прекрасни луѓе.

На прашањето што може да значи францускиот нон-пејпер за Србија и Северна Македонија, вели дека сите земји чекаат да станат членки на ЕУ и дека тоа не е спорно, но дека тие во Брисел не знаат што точно да прават со нас. 

„Кој и да каже нешто друго би ве излажал. Зборував со Заев во Нови Сад дека нема да има отворање на пристапни преговори, а тој ме уверуваше дека му ветиле и се виде што било“ нагласи Вучиќ. 

Српскиот претседател рече дека со Северна Македонија, пред се поради Преспанскиот договор, ќе се отворат преговори во март или мај во Загреб, но дека се поставува прашањето што потоа. „Ќе имате 15 дена да се фалите на телевизија дека се отворени преговорите. Но што потоа“ праша Вучиќ. 

Тој порача дека земјите во регионот мора да работат и да се договараат за напредување во иднина, да отвораат повеќе автопатишта, пруги, да се поврзуваат и да покажат повеќе почит едни кон други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг