Во Германија уапсен Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Нетпрес

22/11/2019

16:37

5.473

Големина на фонт

а а а

Третообвинетиот напаѓач на Никола Саздовски – Саздо вчера е приведен во германскиот град Хамбург, дознава ТВ24 од извори од истрагата. За приведувањето биле известени и органите на прогонот во земјава.

Јавното обвинителство потерницата за Љужа ја објави по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски, а двајцата првообвинети беа притворени. Им се судеше само на Бесир Беља и Скендер Демири, кои добија по 19 години затвор за свирепо убиство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг