Британската полиција денес уапсила 23-годишен маж од Северна Ирска поради смртта на 39 луѓе од Виетнам чии тела биле пронајдени во камион ладилник минатиот месец.
Од полицијата во Есекс било соопштено дека мажот е приведен на автопат северозападно од Лондон, поради сомнение дека учествувал во заговор за шверцување на луѓе и помагање на противзаконска имиграција, пренесува AP.
Телата биле пронајдени на 23-ти октомври во англискиот град Грејс. Полицијата вели дека сите жртви се од Виетнам и се на возраст меѓу 15 и 44 години.
Се смета дека 31 маж и 8 жени им платиле на шверцерите за незаконски транзит во Англија.
Британската полиција веќе го обвинила 25-годишниот Морис Робинсон, возачот на камионот, за 39 убиства и заговор за криумчарење.
Се тврди дека го возел камионот до Пурфлит во Англија, каде ја собрал приколката, која пристигнала со траект од Белгија.
Во Ирска, 22-годишниот Имон Харисон е соочен со постапка за екстрадиција во Британија поради обвинение за убиство.
Неколку други лица биле уапсени во Виетнам.