Хаос во уште една земја во Јужна Америка: Воена состојба на улиците на Колумбија

Точка

22/11/2019

16:56

2.011

Големина на фонт

а а а

Колумбијците излегле на улиците загрижени за можните промени кога станува збор за минималните плати, пензиските и даночните реформи и приватизацијата на државните компании. Владата инсистира на тоа дека не постојат планирани реформи и дека било какви промени настапувале во консултација со работните групи.

Уште една јужноамериканска држава се нашла на листата на земји во кои буквално има хаос на улиците. Стотици илјади луѓе протестирале во четвртокот во Колумбија против десничарската влада на претседателот Иван Дуке. 

Полицијата користела солзавци во неколку градови, вклучувајќи ја и Богота. Најмалку 42 цивили и 37 полицајци се повредени, соопштиле службениците.

Синдикалните и студентски здруженија повикале на генерален штрајк за да го покажат незадоволството поради можните мерки за штедење.

Колумбијците излегле на улиците загрижени поради можните промени кога станува збор за минималните плати, пензиските и даночните реформи и приватизацијата на државните компании. Владата инсистира на тоа дека не постојат планирани реформи и дека сите промени настапувале во консултација со работните групи.

Демонстрантите исто така се лути поради наводната корупција и тоа што го гледаат како неуспех на владата да го исполни мировниот договор од 2016-та година со левичарите.

Повеќе од 200.00 луѓе излегле на улиците, соопштиле службениците. Протестите во Богота минале прилично мирно, но во градот Кали на југозападот, Демонстрантите блокирале патишта и вандализирале автобуси и продавници.

Ширум земјата биле уапсени 36 лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг