Јадела една бомбона и половина бисквита дневно! Пријателите ѝ рекле дека е дебела, а поради тоа поминала низ пекол

Точка

22/11/2019

16:15

4.167

Големина на фонт

а а а

Медасон Фулкнер од Белфаст имала само 40 килограми после една година строга диета која самата ја измислила.

Таа јадела само една бомбона и половина бисквита дневно.

Не знаела ништо за пореметувањата во исхраната, а имала само една желба - да ослабне и тоа откако пријателите ѝ рекле дека е дебела!


„Имаше коментари од луѓето дека сум дебела и дека навистина треба да ослабнам. Поверував во тоа бидејќи мислев дека ми се пријатели“, рекла Медасон.

Нејзината мајка Кимбери Нејл изјавила дека прво забележала дека нејзината ќерка ја враќа ужината од училиште дома, а за време на вечерата се криела во својата соба и ја фрлала храната во ѓубре.

Девојчето почнало да чувствува вртоглавици во училиште, а тоа ја натерала нејзината мајка да ја однесе кај доктор, кој не забележал пореметување во исхраната туку ја испратил на снимање на мозокот.


Медасон не преземала ништо сè додека не се онесвестила во училиште, бидејќи црниот дроб и бубрезите почнале да ѝ откажуваат.

После тоа, морала да биде на строг режим на исхрана. Јадела на секои два часа и лежела во кревет за да ги врати килограмите. Мајката тврди дека домашното лекување не помогнало бидејќи Медасон се чувствува беспомошно и се обидела да си го одземе животот дури три пати.

Конечно одлучила да лежи на клиника за проеметување во исхраната, откако две недели била целосно без храна.


Сега Медасон студира, ја вратила нормалната тежина и вели дека се плаши од пореметување во исхраната. Собрала пари кои ги донирала во клиниката каде што се лечела и која ѝ помогнала да остане жива. Сака да стане медицинска сестра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг