Ископале остатоци од две мали деца, а кога виделе што имаат на главите археолозите се преплашиле

Точка

22/11/2019

17:16

18.245

Големина на фонт

а а а

Археолозите на екваторскиот историски локалитет нашле морничаво откритие - ископале остатоци од две мали деца кои на главите имале “шлемови“ направени од череп од други деца.

Тие копале во древниот комплекс во Саланга на крајбрежјето на Еквадор oд 2014-та до 2016-та година. Тука откриле остатоци од 11 луѓе меѓу кои и од две деца, како и школки, артефакти и камени фигури посветени на предците.

Заедничкиот тим на археолози од Универзитетот во Северна Кореја и Техничкиот универзитет во Манабиј во Еквадор навел дека ова е единствениот случај во кој черепите на децата биле користени за да се прават шлемови за други деца.


Научниците не знаат што ги убило овие деца. Шлемовите биле поставени цврсто околу главите. Веројатно дека черепите на постарите деца сè уште имале месо кога биле претворени во шлемови, затоа што без месо тие не би можеле да стојат така цврсто, забележале археолозите.

Шлемот од череп поставен бил на бебе кое било старо 18 месеци, а потекнувал од друго дете на возраст помеѓу 4 и 12 години.


Друго новороденче кое било пронајдено со таков шлем на главата било старо помеѓу шест и девет месеци, а шлемот бил направен од дете старо помеѓу 2 и 12 години.

Помеѓу главите на бебеињата и овие морничави шлемови се наоѓале и коски од прсти.

Археолозите не се сигурни зошто шлемовите се изработени од детски черепи и се поставувани на бебиња.

„Можеби тоа претставува обид да се заштитат нивните души“ - велат археолозите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг