Прекрасните “ангели” заминуваат во историјата: Официјално откажана популарната годишна ревија на “Викторија Сикрет”

Точка

22/11/2019

16:30

6.410

Големина на фонт

а а а

Годишната ревија на модната куќа “Викторија Сикрет” која според традицијата требаше да се организира претходно овој месец, е официјално откажана.

“L Brands”, кој е сопственик на познатата компанија за долна облека, соопштил дека ревијата е откажана за да се “развие пораката која компанијата сака да ја испрати, пишува “Fortune”. 

“Ќе комуницираме со клиентите, но не на сличен начин како што тоа го правеше модната ревија”, изјавил извршниот директор Стујарт Бургдофер.

Дека оваа година нема да се случи големото модно шоу, навести и манекенката Шанина Шајк уште во јули за “Daily Telegraph”.


Шанина во текот на интервјуто истакнала дека откажувањето е нешто на кое не е навикната бидејќи со години се припремала за спектакл.

Се зборува и дека причините за откажување се финансиски проблеми (извршниот директор го негирал тоа) кои брендот сакал да ги надомести со поголемата разноликост помеѓу моделите – ангажирање на првите трансродни и плус сајз модели (за кампањите, не за ревиите).

Одлуката која разочара милиони фанови ширум светот ѝ претходи на контроверзната минатогодишна одлука на поранешниот директор за маркетинг на “Викторија Сикрет”, Ед Разек, кој нагласи дека куќата никогаш нема да има покрупни модели на своите ревии.

За лошата репутација придонесе и пријателството на Лесли Векснер, извршен директор на “L Brands”, и Џефри Епстајн кој пред неколку месеци почина во њујоршкиот затвор по обвиненијата за сексуално злоставување на малолетнички.


Постојат сомнежи дека Епстајн ги користел своите врски во компанијата како мамка за разговори со девојки, нудејќи им работа во “Викторија Сикрет”.

Дека нешто не е во ред со брендот, навестила и Карли Клос која се откажа од проектите поврзани со “Викторија Сикрет” бидејќи работата на брендот се косела со нејзините феминистички ставови.

Ревијата која се организира од 1995 година не е засекогаш откажана бидејќи во соопштението не е прецизирано тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг