Конте ги советува своите играчи и како да имаат секс

Точка

22/11/2019

15:40

1.758

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте е познат како тренер кој многу внимава на деталите, а до кои граници е подготвен да оди откри во интервјуто за Л'Екип.

„За мене натпреварувањето е како битка. Значи, мој живот, твоја смрт. Многу сум фокусиран на фактот на крајот само еден да победи, правам се тоа да биде мојот тим. Тоа е мојот стил и веројатно тоа ќе ме доведе до тоа рано да ја завршам кариерата, затоа што премногу ја живеам мојата работа. Често се прашувам дали е исправно толку време да минувам без семејството“, изјави Конте.

Тренерот на Интер вели дека има совети за своите играчи дури и кога станува збор за нивниот сексуален живот.

„Во текот на сезоната им препорачувам на моите играчи односите кратко да им траат, со минимум напор и подобро да користат пози кога тие се под својот партнер. И пожелно е тие партнери да бидат нивните жени затоа што се бара дополнителна акција и енергија ако тоа е некој друг“, изјави Конте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг